Имотот на Сведмилк оди на лицитација!?

Bez autora
Mar 14 2011

Имотот на пропаднатата млакарница Сведмилк ќе се продава за три недели на јавна лицитација. Од НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител во Сведмилк и чиј имот е во владение на банката, веќе анагажирале независни проценители кои правеле анализа на имотот. Минатиот месец Собранието на доверители на Сведмилк одлучи оваа фабрика за млеко да се ликвидира. Клучна беше одлуката на најголемиот доверител НЛБ Тутунска банка, која во Сведмилк има 9,5 милиони евра побарување кои како кредит ги даде уште кога млекарницата започнуваше со работа, под раководство на Роџер Оскарсон, Ала ал Кафаги и Јосиф Саржовски. Тројцата оставија зад себе долг од 32 милиони евра, а полицијата им поднесе кривични пријави за финансиски злоупотреби.

Имотот на Сведмилк оди на лицитација!?Имотот на пропаднатата млакарница Сведмилк ќе се продава за три недели на јавна лицитација.

Од НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител во Сведмилк и чиј имот е во владение на банката, веќе анагажирале независни проценители кои правеле анализа на имотот.

Минатиот месец Собранието на доверители на Сведмилк одлучи оваа фабрика за млеко да се ликвидира. Клучна беше одлуката на најголемиот доверител НЛБ Тутунска банка, која во Сведмилк има 9,5 милиони евра побарување кои како кредит ги даде уште кога млекарницата започнуваше со работа, под раководство на Роџер Оскарсон, Ала ал Кафаги и Јосиф Саржовски. Тројцата оставија зад себе долг од 32 милиони евра, а полицијата им поднесе кривични пријави за финансиски злоупотреби. Ал Кафаги на име кредит ја изгуби и фабриката за негазирани сокови "МиА бевериџис", поранешен Иноспектар, која веќе подолг период е огласена на продажба на интернет-страницата на Тутунска со почетна цена од 19,7 милиони денари.

Фабриката не работи веќе десетина месеци. Ако до пред една година тука работеа околу стотина луѓе, денеска во кругот на фабриката може да се забележи само обезбедувањето.

Со пропаѓањето на Сведмилк најоштетени се фармерите кои останаа со ненаплатени побарувања вредно над 3 милиони евра.

Сведмилк како инвестициски бум промовиран на голема врата работеше само во 2008 година. На почетокот на 2009 година се обелодени банкротот, двојното книговодство и финансиската дупка, но место брзо заздравување, во Сведмилк за едно евро влезе контроверзниот Моше Баум, кој само со лажните ветувања кон сточарите одолжуваше колку што може. Во меѓувреме, Баум слободно си замина со парите, исто како и неговиот претходник Роџер Оскарсон, кој успеа за една година да направи була од 30 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik